А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Отворено писмо на Арсовска Томовска до ОБСЕ/ОДИХР

by А1он26/11/2016 - 11:35239
Share0

Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска упати отворено писмо до Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Добивај вести на вибер

Писмото ви го пренесуваме во целост.

Во овој специфичен политички момент, во кој од суштинска важност за нашата држава е целиот изборен процес да помине во најдобар можен ред, би сакала да Ве информирам за состојбите во јавната администрација.

Во изминатиов период вработените во јавниот сектор се предмет на систематска и оркестрирана политичка злоупотреба од страна на политичари, носители на јавни функции, новинари и експерти.  Преку дел од медиумите се врши политичко етикетирање на вработените, истите се нарекувани со погрдни зборови („крлежи“, „штетници“, „корумпирана стока“), а институциите „штали“. Истовремено, претходно дадените изјави за бркање од работа “од хигиеничар до министер” се прави обид да се неутрализираат со новата изборна платформа на опозицијата – гордо дадени ветувања дека никој нема да биде избркан од работа, како тоа да е највисок политички дострел. Ова говори за фактот дека на вработените се гледа само како на “број на гласачи”, при што целосно се деградира и руши нивниот углед и достоинство, како нивната егзистенција да треба да зависи од нечија политичка милост, а не од оцената за квалитетот и од нивната работа.

Опозицијата континуирано обвинува за мешање на партијата со државата, а нивните претставници во институциите ги користат институционалните ресурси за партиски активности. Во простории на државни институции се држат прес конференции на кои се промовираат партиски политики. Со партиски ресурси или од партиски спонзори се финансираат постери, летоци и веб страни на кои се става државен потпис и со кој се повикува на авторитетот на државни институции, постојано се надминуваат законските надлежности и овластувања и се припишуваат туѓи надлежности. Ова е во целосна спротивност со целта која требаше да се постигне со влезот на опозицијата во институциите, затоа што наместо за организација на изборите, опозицијата ги користи институциите за нивно рушење одвнатре, а истовремено и за сопствена промоција.

Од друга страна, опозицијата, посветено работи на создавање на перцепција за постоење на политички притисоци на вработените во јавниот сектор од страна на партијата на власт. Секојдневното држење на прес конференции на кои постојано се повикува да се пријави притисоци се заканува со кривични пријави, посетите на јавни институции и делењето на летоци и плакати за пријава на притисоци (кои не се одобрени ниту финансирани од јавни средства и чија содржина ги надминува законските надлежности на функциите кои ги извршуваат), неовластеното прибирање на пријави (кои содржат лични податоци на граѓани, на приватна веб страна регистрирана на домашна адреса на опозициски функционер), како и јавно изнесените шпекулации за ослободување од работа на вработени во јавните институции заради нивно присуство на партиски настани (за кои нема докази ниту информации дека е поведена постапка),  веќе создадоа перцепција во јавноста дека во јавниот сектор се вршат масовни притисоци. Додека опозицијата вели “држете го крадецот”, постојат сериозни индиции дека во општините со кои раководи, во работно време ги користи вработените за снимање на партиски спотови и за делење на летоци за отворање на партиски штабови (ова не се злоупотребува од страна на министерството – оставено е на надлежните институции да ја утврдат фактичката состојба).

Дополнително ваквата перцепција во јавноста дека во јавниот сектор се вршат масовни притисоци ја зајакнуваат невладините организации, кои изнесуваат тврдења, но никогаш не доставуваат докази ниту пак поведуваат соодветни постапки до надлежните органи, за да се расчистат овие тврдења, што остава простор за злоупотреба на оваа тема. Она што исто така е зачудувачко е што невладините организации никогаш не ги забележуваат и јавно не ги изнесуваат случаите на  партиски злоупотреби од опозицијата, дури и кога тие се евидентни, забележани од медиумите и документирани.

Факт е дека на две недели до завршување на изборната кампања и одржување на изборите, ниту една од институциите кои се надлежни за процесирање на случаи за изборни притисоци и изборни нерегуларности (Јавното обвинителство и Државната изборна комисија), нема официјално информирано за пријавен случај на изборен притисок, уцена, или закана. Тоа не ја исклучува можноста во следниот период да се пријават изолирани случаи, за кои доколку ги има, треба веднаш да бидат процесуирани, што е од исклучителна важност за задоволување на правдата и одржување на кредибилноста на самиот процес.

Оттука, целосно ги подржувам активностите кои се насочени кон спречување на било какви изборни нерегуларности, но најостро сум против злоупотребата на вработените во јавниот сектор за политички маркетинг. Евтиниот политички маркетинг и создавањето на перцепција за изборни притисоци можеби некому денес ќе му донесе ситни политички поени, но утре може да го наруши кредибилитетот на изборниот процес и со тоа да нанесе огромна штета на државата.

Заради сето претходно наведено, повикувам на политичка сериозност и зрелост на сите вклучени во изборниот процес. Вас Ве повикувам на објективно следење на целата состојба, и објективно известување за изборниот процес, единствено врз основа на докази и факти.

 

Марта Арсовска – Томовска

Министер за информатичко општество и администрација

administracijaobseodihr

Би можело да ве интересира

Три реформски закони поминаа во прво читање, додека Законот за инспекциски надзор е целосно усвоен во Собранието на Република Македонија

Предраг Петровиќ27/06/2025 - 15:55

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

Горан Наумовски04/06/2025 - 16:44

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Предраг Петровиќ25/04/2024 - 15:56

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on25/12/2023 - 12:57

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Горан Наумовски02/12/2023 - 13:15

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски02/12/2023 - 11:4502/12/2023 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен