Отворено писмо до Ѓорѓе Иванов, Никола Груевски и Зоран Заев

Од:

Отворено писмо до:
Ѓорѓе Иванов, претседател на Република Македонија;
Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ;
Зоран Заев, лидерот на СДСМ.

„Ништожник е оној кој има подобар пријател од Татковината“
Сафоколе

Почитувани,
Ви пишуваме во име на членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, а го искажуваме мислењето и барањето на Македонците од Австралија. Во нашата асоцијација членуваат повеќе од 350 лица, истата постои 39 години и активно е вклучена во зачувувањето, одгледувањетои промовирањетона македонскиотјазик и литераура. Досега имаме издадено 76 наслови воглавно историска литература преку која го штитиме националниот интерес на Македонија и активо сме вклучени во борбата за зачувување на македонскиот идентитет во дијаспората во одбрана на притисоците од шовинистичките влади на Грција, Бугарија, Србија и Албанија.

Крајно загрижени сме за иднината на Македонија, а не се мешаме во платформите на македонските политичките партии. Македонцитесе огорчени од несовесното однесување на македонските политички партии кои се обземени од политичкото слепило и личните интереси и си играат со македонските национални интереси со цел да се уништи македонскиот јазик и самата држава.

Оние партии, а посебно албанските, кои се сремат кон некаква федерализација имаат само една цел, да ја уништат македонската државност и нација. Мораеднаш засекогаш да им се стави крај на попуштањата и договарањата кои се на наша штета. Доколку жителите во Македонија кои се од друга националност не покажат лојалност и се сремат да ја уништат македонската држава тогаш истите треба под итно да ја напуштат Републиката, да се вратат во своите матични земји каде нивните национални права се веќе загарантирани. Едноставно, оној кој работи против македонската државност не треба да има право да живее во Република Македонија. Рамковиот договор, како и менувањето на македонското знаме и прифаќање на привремено име имаа цел да им се оствари сонот на соседите, а најжалосно е тоа штосега повторно се поставува ултиматум за менување на химната и уставот, значи некои македонски политичари си ја продаваат душата само да дојдат на власт.

Бараме да не го давате она што е макотрпно и со големи жртви создадено, бидејќи историјата во иднина нема вас да ве суди туку ние сега ќе ве судиме. Застанете зад македонските интереси, престанете да давате отстапки за туѓи интереси и престанете да примате совети од странски тутори кои не ја почитуваат нашата државност со тоа што се мешаат во внатрешното уредување на државата.Ние не можеме повеќе да трпиме и молчиме кога ни се посега по нашиот идентитет. Дијаспората од вас бара зрелост и одлучност, а најповеќе водечка улога во зачувување на нашата државност и нација.

Со особена почит и со надеж дека ќе ги штитите интересите на сите Македонци без разлика каде живеат.

Од името на членовите,
Претседател
Душан Ристевски

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски