Отворена првата депонија изградена по ЕУ стандарди во Гевгелија

Од:

Депонијата во Ново Коњско, Гевгелија, прва во земјата изградена комплетно по стандарди на Европската унија денеска беше предадена во употреба на општина Гевгелија. Изградбата на депонијата, вредна еден милион американски долари е финансирана од јапонската влада, а проектот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Со пуштање во употреба на оваа депонија ќе се затвори сегашната нелегална депонија, која се протега по брегот на Сува Река, чиј капацитет е одамна надминат и претставува сериозна закана за животната средина и здравјето.

„Современата депонија е од клучна важност за нашата општина. Со нејзиното отворање, конечно ќе ги решиме проблемите со цврстиот комунален отпад, а наскоро ќе почнеме да ги гледаме и еколошките придобивки“, изјави градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков. Штом ќе почне да работи депонијата, додаде тој, од граѓаните ќе побараме да го сортираат ѓубрето.

„Навистина ни е драго што јапонската влада беше во можност да одвои средства за овој вреден проект“, изјави јапонската амбасадорка Кеико Ханеда. Ханеда додаде дека земјата се соочува со сериозни проблеми со одлагање на отпадот и овој проект претставува пример кој треба да го следат и другите градови и региони, надевајќи се дека оваа современа депонија ќе има клучна улога во идниот систем на интегрирано справување со отпадот на југоистокот на земјата

„Во УНДП сме задоволни што сме пионери во изградбата на првата депонија целосно според стандарди на Европската унија“, изјави Луиза Винтон, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). „Но, правењето било што за прв пат знае да биде тешко. Движењето низ бирократските лавиринти за да се обезбедат сите потребни дозволи траеше две години. И тоа се одвиваше пред дури и да почнеме со изградбата. Затоа, им благодариме на нашите јапонски партнери за трпението. Но, сега, кога имаме функционална депонија, очекуваме да станеме „туристичка атракција“, каде што министри, градоначалници и граѓани можат од прва рака да видат дека депонијата изградена по ЕУ стандарди личи на се, но не на отпад. Се надеваме дека на овој начин ќе го забрзаме процесот за изградба на петте планирани регионални депонии и исто така сме подготвени да го понудиме нашето искуство како обемната бирократија и прекубројни регулативи можат да се надминат“, рече Винтон.

Таа побара од општината да ја стави во функција депонијата што побргу. УНДП во моментот помага во обуката на лицата кои ќе работат во депонијата, а се очекува во најскоро време да биде завршен патот до депонијата и обезбедување на соодветни возила за отпад и друга потребна опрема.

Депонијата е дел од поголем проект од 2,2 милиони американски долари, поддржан од јапонската влада, а спроведуван од УНДП како поддршка за општините кои беа најмногу погодени во бегалската криза во 2015-2016 година. Меѓу другите проекти финансирани од јапонската помош беше и реконструкцијата на пумпната станица во Гевгелија, со која двојно се зголеми капацитетот на снабдување на општината со вода за пиење. Исто така се реконструираше и коритото на Липковска река во Куманово, и сите проекти заедно придонесоа подобрување на квалитетот на живот на околу 150.000 жители во овие општини.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Во Шведска изби најголемиот еколошки скандал во последните 50 години, обвинети се 11 лица