Отворена прва градинка во Општина Чашка

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска присуствуваше на отворањето на новата градинка „Објектот8 – Бамби“ во Општина Чашка.

Изградбата и опремувањето на градинката Бамби се обезбедени со средства на Министерството за труд и социјална политика, во вкупен износ од 3.072.647,00 денари. Се работи за наменски адаптиран простор на површина од 94,15 м2 и двор од 275 м/2, кој ќе функционира во рамки на ЈОУДГ „ Димче Мирчев“ Велес. Тука ќе се згрижуваат до 50 деца, организирани во 2 групи, на возраст од 2 до 6 години, односно до вклучување во основно образование, согласно Законот за заштита на децата.

На отварањето министерката Царовска речe: “Министерството за труд и социјална политика издвои буџетски средства за реконструкција на овој објект и денес со задоволство можеме да кажеме дека за прв пат се отвара градинка во Општина Чашка. За нас е од особено значење сите деца подеднакво, и од урбани и од рурални средини, да имаат право на предучилишно образование што не беше случај во изминатите години, но ние како Влада имаме заложба за рамномерен регионален развој и токму затоа ке видите дека во изминатите 6 месеци даваме фокус на отварање на градинки во рурални средини.” На отворањето присуствуваше и министерот за финансии Драган Тевдовски, кој најави поддршка за општините за изградба на нови градинки и реновирање на постоечки објекти во институции за деца на предучилишна возраст.

Во Општина Чашка досега не постоеше објект за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. Новата градинка значително ќе придонесе за зголемување на згрижувачките капацитети во велешкиот регион и за реализација на една од програмските цели на Владата – да се зголеми опфатот на деца во предучилишно образование за 50% до крајот на мандатот.

Би можело да ве интересира

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Учениците од Основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка, од утре се враќаат на настава

Во Чашка трет ден блокади поради отворање на паралелка на албански јазик

Горан Наумовски

Во Чашка зголемени тензиите меѓу полицијата и населението

Горан Наумовски

МОН: Непотребно е мешањето на политиката во случајот со училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка

Едни протестираа, а со други родители од училиштето во Чашка министерот Шаќири имаше средба

Предраг Петровиќ