Избувна голем шумски пожар кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

Од:

Над планинското село Долно Јаболчиште во Општина Чашка денеска избувна шумски пожар со кој е зафатена квалитетна шума. Пожарот се шири кон врвот Лисец. Во негово гаснење засега се вклучени 20 вработени од Општина Велес кои се на терен и се борат со огнената стихија, која поради ветрот брзо се шири и разгорува, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Велес.

Од РЦУК Велес додаваат и дека во велешко е активен и големиот шумски пожар на планината Мукос во реонот на село Степанци кон меснoста викана Кадиица на границата помеѓу Општина Чашка со Општина Долнени со жариште во Ораов Дол према Кадиица, кој избувна на 24 август. Последниве денови е високо во планината на непристапен терен, а во негово гаснење денеска се вклучени само тројца вработени од ШС „Бабуна“.

Поради ветрот пожарот се повеќе се шири и зафаќа големи пространства со мешана шума. Инаку на 27 август освен од земја пожарот се гаснеше и од воздух со хеликоптерот на МВР и воздухопловот „ер трактор“ на ЦУК.

Би можело да ве интересира

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он