Отворен првиот национален Центар за поддршка на социјалните претпријатија

Од:

Во Скопје денеска беше отворен првиот национален Центар за социјални претпријатија, кој е замислен да функционира како инкубатор за поддршка на постоечките и новите социјални претпријатија и граѓански организации кои имаат економски активности. Претпријатијата, организациите, иницијативите и граѓаните ќе имаат на располагање широк спектар на услуги и активности, како што се работилници за размена на искуства и знаење, директна поддршка за градење капацитети, формално и неформално образование и обуки, деловен тренинг, менторска поддршка, порганизација на настани и други услуги.

dobivaj vesti na viber

Корисниците на Центарот (организации, социјални претпријатија, институции и поединци) на дневна база ќе добиваат насоки, совети и помош за практични прашања и предизвици, како што се прибирање средства, регистрација на компанија, можности за вмрежување, бизнис развој, аспекти за вработување, набавки, градење партнерства, фостапна финансиска поддршка, маркетинг и многу други. Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ поддржан од Европската Унија, го спроведува Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска истакна дека клучната улога на социјалните претпријатија е да обезбедат рехабилитација и реинтеграција на пазарот на трудот, сигурна и стабилна иднина за тешко вработливите лица, за лицата во социјален ризик, поранешни зависници, лица кои порано биле во судир со законот и лица со попреченост.

– Сите овие ранливи граѓани преку социјалните претпријатија, добиваат шанса да се вклучат во заедницата, да заработуваат за сопствена егзистенција и да придонесат за развој на локалната, меѓутоа и на националната економија. Затоа, потребни се мерки и решенија коишто ќе ги подобрат условите за нивна работа и ќе создадат директни и индиректни придобивки за македонското општество. Ова значи промени во легислативата, државните програми за материјална поддршка и избор на модел за нивно организирање, рече таа.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, потенцираше дека Владата е посветена на создавањето на солидарно општество за сите. Информираше дека преку Фондот за иновации и технолошки развој, оваа година првпат e овозможена и финансиска поддршка од шест милиони денари за реализација на проекти за социјално претприемништво. Посочи дека на јавниот повик се пристигнати 69 апликации, а ФИТР може да поддржи дури до 90 отсто од целокупниот буџет на проектот.

– Социјалното претприемништво не е ништо помалку, од иднината на претприемништвото како форма, во кое се повеќе ќе сведочиме за бизниси кои освен тоа што генерираат профит, создаваат и позитивни промени во општеството. Воедно, ќе носат социјално-демократски вредности, во секојдневното работење. Оваа Влада го препозна потенцијалот и потребата на социјалното претприемништво, нашите политики се ориентирани кон интеграција на истото во економијата. Токму затоа, на 28 септември оваа година, беше усвоена и Националната стратегија за социјалните претпријатија, со која создадовме една официјална платформа, како алатка која ќе ни помогне во следење на развојот на социјалното претприемништво во земјата, нагласи Битиќи и се осврна на дел од активностите на Владата со кои се стимулира социјалното претприемништво.

Раководителот на Сектор за соработка при Делегацијата на Европска Унија Штефен Худолин, им упати честитки на сите кои беа вклучени во отворањето на центарот.

– Сите институции покажаа кохезија и соработка за да овозможат услови за работа и да ја намалат нееднаквоста. Нашата социјална економија е во суштина хумана економија која не штити од големите животни ризици, болести, несреќи и сиромаштија. Со овој центар се создаваат можности за раст, развој и поддршка на социјалните претпријатија во Северна Македонија, рече Худолин.

Тим лидерот на проектот „Поддршка на социјални претпријатија“ Барбара Садовска, убедена е дека Националниот центар за поддршка на социјалните претпријатија ќе работи успешно.

– Потребни ни се социјалното претприемништво и социјалните претпријатија да бидат дел од урбаниот развој, од развојот на локалните заедници, дел од општествените иновации, култура и религија. Верувам дека заедно со легислативата за социјални претпријатија и овој регионален Центар за поддршка кој денес го отвораме, ќе биде полесно за социјалните претпријатија да продолжат со својата работа, рече Садовска.

– Со новото законско решение за социјални претпријатија кое се очекува да се донесе наредната година ќе се уредат критериумите за стекнување статус на социјално претпријатие, регистрацијата, даночниот третман, мониторингот итн. Ќе биде обезбедена и ознака за производи и услуги на социјалните претпријатија. За развојот на социјалните претпријатија важно е и создавањето на култура за социјално претприемништво но и олеснување на пристапот до пазарите. Во таа насока е и денешниот прв национален саем во Скопје. Регионални саеми за социјални претпријатија деновиве се организираат и во други градови низ земјава. Националниот центар за социјални претпријатија својата поддршка и развој на социјалните претпријатија ќе ја обезбедува заедно со 8-те регионални точки за поддршка неодамна воспоставени во Скопје, Велес, Штип, Тетово, Струмица, Охрид, Битола и Куманово, рече Шахпаска.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Живеењето со поддршка е вистински исчекор кон почитување на човековите права на лицата со попреченост, отворени две нови станбени единици во Демир Капија

Ана Ололовска

Тренчевска: Со заедничка работа на институциите до поуспешни резултати во борбата против насилството

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Новата апликација Bebbo нуди практични совети за правилен развој на децата

Ана Ололовска

МТСП: Во тек е етапната исплата на јунските пензии

Ана Ололовска

Тренчевска: Граѓанскиот сектор е наш партнер во унапредувањето на социјалните услуги

Ана Ололовска

МТСП: В понеделник почнува исплатата на мајските пензии, со дополнителни 1000 денари финансиска поддршка

Ана Ололовска