Отворен нов Дневен центар за стари лица во Чашка

Од:

Дневен центар за стари и возрасни лица беше отворен денеска во село Извор, Чашка. Во Дневниот центар ќе биде обезбеден и топол оброк за социјално загрозените лица од Народна кујна Велес.

На отворањето на Центарот присуствуваше и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

-Со отворање на вакви дневни центри работиме на јакнење на социјалните услуги и за постарите лица. Ова се луѓе кои се грижеле за нас и го граделе нашето општество. Сега е наш ред да се грижиме за нив и да им овозможиме достоинствен и исполнет живот. Токму тоа го правиме со отворање на дневните центри, што нудат еден заеднички простор за дружба и рекреација за повозорасните лица, изјави Царовска.

МТСП го отвори Дневниот центар за стари и возрасни лица во соработка со Општина Чашка. За таа цел општината отстапи на користење сопствени простории, а министерството целосно го реконстуираше просторот и набави комплетна опрема со вкупна инвестиција од 900 илјади денари.

Дневниот центар е наменет за унапредување на квалитетот на живот и развивање на меѓусебната социјализација на повозрасните граѓани. МТСП продолжува да работи во насока на обезбедување подобри услови за повозрасните, како и помош на ранливите категории.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска