Отворен кабинет за проектот„20-20-20”

Од:

Свечено отворање на првиот кабинет за проектот „20-20-20” се одвиваше денес во просториите на СЕТУ „Михајло Пупин” во Скопје. На настанот присутни беа Министерката за образование и наука г-ѓа Рената Дескоска, членовите на Управниот одбор на ЕВН Македонија и вработени и ученици на училиштето.

Проектот го поздрави Министерката за образование и наука, г-ѓа Рената Дескоска:

„Се надевам дека овој модел ќе го следат и други компании во Република Македонија. Поврзувањето помеѓу стручните училишта и компаниите е од особено значење поради тоа што целта е да се едуцираат ученици кои ќе бидат спремни да влезат на пазарот на трудот”.

Нова наставна програма за електроинсталатер и монтер беше предложена од работна група на експерти од ЕВН Македонија и СЕТУ „Михајло Пупин”. Истата беше поддржана и од Центарот за средно стручно образование и Министерството за образование и наука.

Директорот на СЕТУ „Михајло Пупин”, г-дин Ефтим Пејовски упати благодарност до ЕВН Македонија за соработката и донацијатаи додаде: „Овој проект почна од нула, односно се роди како идеја од долгогодишна соработка помеѓу „Михајло Пупин” и ЕВН Македонија. Мило ми е што овој проект стана реалност и успеавме да направиме промени во насока на креирање на образовна програма која мотивира и генерира квалитет.”

ЕВН го опремицелиот кабинет и донираше современи средства за едукација како: електротехнички материјали, алати, разводни ормари според стандарди на ЕВНи заштитна опрема за учениците. Овие материјали се користат при секојдневните активности на монтерите на ЕВН.

Г-дин Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија го имаше завршниот збор: „Имаме потреба од квалификувана работна сила. Во овој кабинет, на учениците им се достапни реални материјали со кои ќе се соочуваат кога ќе работат на терен. Преку проектот „20-20-20” овие ученици ќе добијат работно место, а ние како компанија ќе добиеме квалификувани вработени”

Во март 2017, ЕВН Македонија и СЕТУ „Михајло Пупин” потпишаа меморандум за соработка со кој се започна создавањето на условите за формирање на специјалната ЕВН паралелка. ЕВН има планирано вклучување на своите стручни кадри во процесот на менторирање на учениците.Со проектот „20-20-20”, ЕВН Македонија нуди уникатна шанса за пракса и можност за вработување.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите