Отворен Дневен центар за церебрална парализа во Прилеп

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот Илија Јовановски, денеска го отворија Дневниот центар за церебрална парализа во Прилеп. Центарот е направен и опремен по највисоки стандарди, а дворот и влезот се приспособени за потребите на овие лица.

„Социјалните сервиси како што е овој дневен центар треба да ги следат индивидуалните потреби на секое дете и неговото семејство, да бидат мост со другите системи на поддршка. Само така, можеме да обезбедиме целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството и да создадеме едно општество за сите. Овие центри значат многу во локланата заедница затоа што тие помагаат во исполнувањето на одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, кои се однесуваат на правото на самостојно живеење, лична мобилност, пристап до образование, здавствена заштита, рехабилитација и вработување“, изјави министерката Царовска во Прилеп.

Дневниот центар за деца со церебрална парализа кој во смена ќе го посетуваат 25 корисници, беше направен во соработка со Општина Прилеп. Општината го обезбеди објектот, додека министерството за труд и социјална политика од својот буџет за годинава обезбеди 1,8 милиони денари за адаптација на просторот, и дополнителни 380 илјади денари за набавка на опремата. Исто така, МТСП обезбеди финансиски согласности за вработување на потребниот стручен кадар.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај