Откупени над 20 илјади тони тутун со просечна цена од 177 дена за килограм

Од:

При крај е откупната сезона на тутунот во Македонија. Од планираните 25 илјади тони досега откупени се над 20 илјади тони со просечна цена од 177 дена за килограм, изјави денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски кој ги посети откупните пунктови за тутун во струмичкиот регион.

Коњановски на пунктовите имаше средба со тутунопроизводителите кои денеска го предаваа турунот од ланската реколта.

– И оваа денешна посета е дел од нашата најава дека годинава Министерството будно ќе го следи откупот на тутнот, се со цел да се почитуваат договорените обврски и да им се исплати маката на тутунарите. Производството на тутун има свое економско, но и свое социјално значење во Македонија. Околу 22 отсто од земјоделците се посветени на одгледување на нашиот ориентален тутун, чиј извоз претставува 3,2 отсто од бруто домашниот производ на државата, изјави Коњановски.

Според нашите податоци, нагласи тој, од почетокот на сезоната досега се откупени над 20 илјади тони тутун, што значи дека остануваат уште малку количини од планираните 25 до 26 илјади тони.

– Ние сме задоволни бидејќи и тутунопроизводителите се задоволни од постигнатите просечни 177 денари за килограм. Во однос на ланскиот просек од 164 денари, се покажува дека годинава имаме подобар квалитет но и квантитет, или за 15 отсто повеќе во однос на лани, изјави Коњановски.

Заменик-министерот е задоволен и од редовноста на исплатата на откупените количини и запазувањето на рокот од петнаесет дена за исплата од страна на откупните претпријатија.
– Досега исплатата се одвива во рамки на договореното. Што се однесува до субвенциите за предадениот тутун, Владата и годинава ќе ги испочитува законските норми и ќе изврши исплата на субвенциите во законски утврдениот рок, рече Коњановски.

Според претседателот на здружението на тутнопроизводители „Жолто Злато“, Никола Стаменов откупот на тутунот во Струмичко е завршен или е над 95 отсто. Досега се откупени над 2 милиони килограми висококвалитетен ориентален тутун.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар