Откриени петмина мигранти од Пакистан кај Неготино

Од:

Полицијата вчера отркила петмина мигранти во Пакистан кај Неготино кои се превезувале со возило со струмички регистарски ознаки.

-Вчера во 16,40 часот на автопатот А-1 Гевгелија-Велес, на исклучување кон Неготино, од страна на униформирани полициски службеници било забележано патничко моторно возило со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.В. од Гевгелија, за кое постоеле сознанија дека во него се превезуваат мигранти. Од возилото биле забележани како излегуваат пет мигранти, по што возачот го стартувал возилото и се исклучил на клучката кај Стоби, по што застанал. Совозачот во возилото Л.Б. (21) од Гевгелија е лишен од слобода, а петмината мигранти од Пакистан се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје, информираат во полицискиот билтен.

За случајот е известен јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари