Откриени 64 мигранти од Бангладеш во камион кај Струмица

Од:

Откриени 64 мигранти од Бангладеш во камион со скопски регистарски ознаки при полициска контрола вчера околу 19 часот на регионалниот пат Валандово-Струмица.

Возачот избегал, а лицата се сместени во ПТЦ-Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка.

– Вчера околу 19:00 часот на регионалниот пат Валандово–Струмица на влез во Струмица полициски службеници од СВР Струмица забележале товарно моторно возило„ивеко дејли“ со скопски регистарски ознаки за кое имале информација дека превезува мигранти, по што возачот го застанал возилото и го напуштил местото на настанот. Во возилото полициските службеници пронашле 64 лица-мигранти сите од Бангладеш, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Администрацијата на Трамп депортира речиси 13.000 мигранти во Мексико

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија