Приведен 27-годишен скопјанец, шверцувал 211 мигранти во камион

Од:

Синоќа во 23:40 часот во атар на село Стојаково полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи и миграција – Југ при Бирото за јавна безбедност забележале товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, во кое пронашле 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан.

Од МВР денеска информираа дека товарното возило се движело по земјен пат од село Стојаково кон регионалниот пат Гевгелија – Богданци.

– Кога се вклучило на патот и се упатило кон Гевгелија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото. При контрола, во возилото биле пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица, стои во соопштението од МВР.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје бил приведен во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он