Откажани и вечерните летови Истанбул-Скопје и Скопје-Истанбул

Од:

По откажувањето на утринските, откажани се и вечерните летови на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ на аеродромот ТАВ-„Александар Велики“: откажано е полетувањето на ТК 1006 во 22.55 минути од Скопје за Истанбул, како и слетувањето на авионот ТК 1005 од Истанбул во Скопје во 20 часот.

Според веб-страницата на ТАВ – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, на која се прикажани полетувања и слетувања на авионските летови, откажани се утринските и вечерните летови на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул за Скопје и од Скопје за Истанбул.
Откажан беше летот од Скопје за Истанбул ТК 1004 утрово во 09.25 часот на „Туркиш ерлајнс“, како и слетувањето на авионот од Истанбул за Скопје ТК 1003 во 08.30.

Авиолиниите за Анталија за денеска и утре, како што стои на веб-страницата на ТАВ – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, ќе се одвиваат во најавениот авионски распоред.

Би можело да ве интересира

Откажани 9 лета на скопскиот аеродром поради густата магла

Анекс на Договорот со ТАВ, се активираат средствата за 99 проекти за 75 општини

Жарко Настоски

Со 35 милиони евра пренаменети од ТАВ, ќе се градат 99 инфраструктурни проекти

Жарко Настоски

Правна рамка за пренамена на 49,7 милиони евра планирани за карго аеродром во Штип

Ана Ололовска

Иванов го одликуваше со медал за заслуги извршниот директор на ТАВ, Сани Шенер

Најавена забрзана реализацијата на инвестициите од 35 милиони евра на ТАВ