Откако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се договорија, сега АА и Алтернатива најавуваат блокада на антикризните закони со 3.000 амандмани

Од:

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на која на дневен ред се трите закони поврзани со антикризните мерки за Ковид-19 од петиот пакет е закажана за попладнево 18:30 часот. Комисијата е закажана откако претходно денеска во Собранието владејачкото мнозинство и СДСМ постигнаа договор да се изгласаат овие закони. Но, пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива, како што најавија, ќе ги блокираат законите.

Според координаторот на пратеничката група на АА и Алтернатива, Скендер Реџепи, пратениците веќе ги потпишуваат амандманите што, како што посочи, ќе бидат преку 3.000.

Комисијата за финансирање и буџет беше закажана откако денеска беше постигнат договор помеѓу владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на 36. седница останаа само Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година, по скратена постапка, Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка и во второ читање.

Од Собранието информираат дека за одлуката за продолжување на кризната состојба постапката е поинаква, бидејќи за неа АА и Алтернатива имаат поднесно преку 400 амандмани.

Доколку се постигне некаков договор, тогаш би можело вечерва по завршување на седницата за пратенички прашања да бидат донесени овие закони.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

АА: Проектот „Безбеден град“ отвора сериозни правни и уставни прашања

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

АА обвинува: Новата систематизација на МВР ги загрозува Струга, Дебар и Кичево

Горан Наумовски

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме

Катерина Ѓуровски