Отфрлени листите на НДМ за изборите на 11 декември

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа на седница ги отфрлила сите кандидатски листи за пратеници за изборите на 11 декември на Народното движење за Македонија (НДМ) на Јанко Бачев поради многубројни недостатоци кои не биле корегирани и покрај укажувањата на Комисијата.

Во кандидатските листи поднесени за сите седум изборни единици на НДМ имало несовпаѓање на потписи на изјавите со оние на личните документи, на некои листи наместо 20 имало 21 кандидат, наместо да се направи корекција на она што било побарано од ДИК, НДМ вметнувале нови кандидати на листите, а внесувани се и корекции коишто ДИК не ги барала.

И партијата на Бачев има право во рок од 24 часа пред Управниот суд да ја обжали одлуката на ДИК.

Вчера комисијата при повторно разгледување и утврдување на низа неправилности и несовпаѓања одлучи целосно да ги отфрли листите на СДПМ.

Граѓаните на 11 декември ќе избираат меѓу кандидатите на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија и Коалицијата „Алијанса за Албанците“ која ја сочинуваат Движењето за реформи – ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партииите  ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица и Беса.

Би можело да ве интересира

Почна дистрибуцијата на избирачкиот материјал од битолската печатница

ДИК: Од преброени 89,98 отсто од избирачките места, Силјановска Давкова има 324. 177 гласа, Пендаровски 161. 393

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места

Сиљановска со двојно повеќе гласови од Пендаровски во 1.650 обработени избирачки места

Александар Тодески

(ВИДЕО) ДИК: Одѕивот до 18.30 часот е 48,46 проценти

Орце Костов

ДИК: Одѕивот до 18 часот е 47,61 отсто