Отфрлени кривични пријави против вработени во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против единаесет службени лица вработени во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје за кривично дело „несовесно работење во службата“ и за „запуштање и малтретирање на дете“.

– По проучување на наводите во поднесената кривична пријава, надлежниот јавен обвинител оцени дека пријавените дела не се кривични дела кои се гонат по службена должност, односно дека во дејствијата на пријавените не се содржани законските обележја на кривичните дела Несовесно работење во службата и Запуштање и малтретирање на дете. Пријавените со своето постапување не презеле какви било противправни дејствија со кои би се исполнило законското битие на наведените кривични дела. Пријавените постапиле спротивно на членот 113 став 1 од Законот за социјална заштита во поглед на водењето евиденција на корисниците на правата од социјална заштита, но тоа не претставува кривично дело, туку станува збор за противправно дело – прекршок за кој е пропишана глоба согласно член 264 став 1 алинеја 8 од Законот за социјална заштита, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Пријавата беше поднесена против три лица во својство на одговорни лица – вршители на должноста директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје, како и против осум лица дел од стручниот тим на Центарот, кои биле одговорни за дете без родителска грижа, но притоа грубо ја запоставиле должноста за грижа и воспитување на детето што довело до тешки последици по нејзиното здравје.

– Постапувајќи по кривичната пријава, надлежниот јавен обвинител ја прибави целокупната документација од Министерството за труд и социјална политика и од ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје. Притоа, беше утврдено дека од страна на Министерството за труд и социјална политика на 20.02.2018 година бил извршен вонреден инспекциски надзор во установата и биле констатирани одредени пропусти и неправилности во работата на стручните работници кои постапувале во предметот. Имено, Комисијата констатирала дека тие сториле прекршок од член 254 став 1 алинеја 8 од Законот за социјална заштита поради неводење или неуредно водење на евиденцијата заради што против 17 стручни работници биле поднесени иницијативи за покренување дисциплинска постапка. Истовремено, Комисијата утврдила дека секое напуштање на установата од страна на детето било пријавувано во Министерството за внатрешни работи, а при секое враќање стручните лица советодавно работеле со детето со цел да се надминат проблемите со самоволните напуштања на установата, се вели во соопштението од ЈОРМ.

Во врска со истиот предмет, Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше и по кривична пријава против три службени лица поднесена од родителите на детето, која се однесува на кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата. Бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност, надлежен јавен обвинител, информираат од ЈОРМ, донесе решение за отфрлање на кривичната пријава, додека во текот на постапката се утврдило дека една од пријавените никогаш не била поставена за старател на детето.

Од ЈОРМ, потсетуваат дека во врска со случајот со штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје во февруари минатата година беше оформен предмет и во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а во јули беше поднесен Обвинителен акт против три лица за сторено кривично дело – Трговија со дете предвидено и казниво по член 418 – г од Кривичниот законик. Предметот има и судска завршница – едно лице е осудено на казна затвор во траење од 13 години, а на другите две лица е изречена казна затвор во траење од по 12 години. Незадоволен од висината на изречените казни, надлежниот обвинител вложи жалба до Апелациониот суд – Скопје.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Изборниот ден помина генерално без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти

Обвинителство: Изборите се мирни – Кривични за две лица во Велес, за едниот се бара притвор

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

Ниту една пријава до обвинителство за изборите – изборниот ден мина мирно

Анита Петровска Рајковиќ

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ