Отфрлена кривичната пријава на судијката Неделкова против Здравев и два членови на Судски совет

Од:

Обвинителството донесе одлука да ја отфрли кривичната пријава поднесена од поранешната претседателка и актуелна судијка во Врховнот суд, Лидија Неделкова, против претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев и два членови. Судијката Неделкова во пријавата навела дека сите тројца во периодот од септември 2020 до јануари 2021 година, ја злоупотребиле службената положба при одлучувањето и гласањето на седница на Судскиот совет на која се разгледувал извештај за утврдување не нејзината одговорност, по поднесена претставка од сега веќе разрешениот судија Јово Вангеловски.

„Тие наводно ги пречекориле границите на своето службено овластување со намера потешко да ги повредат правата на оштетената, а притоа од лични и политички причини вршеле влијание и врз другите членови на Судскиот совет при одлучувањето. Така, предлогот на Комисијата која го разгледувала извештајот и предложила запирање на постапката против судијката на Врховен суд го вратиле на доработка, потоа избрале нов член во Комисијата и одлучувале без да ја известат оштетената за резултатите од гласањето и за дополнително спроведените дејствија. На 19.01.2021 година Комисијата, без никакви дополнително утврдени околности, донела предлог-одлука за разрешување на судијката во Врховен суд“, стои во соопштението на Обвинителството.

Обвинителот кој постапувал по пријавата од Неделкова ги прибавил списите од предметот на Судскиот совет, а потоа, донел одлука дека не е сторено кривично дело кое се гони по службена должност.

„Заради утврдување на наводите во кривичната пријава, јавниот обвинител ги прибави списите од предметот на Судскиот совет и детално ги проучи. Од анализа на хронологијата на целокупното постапување произлезе дека Судскиот совет на седницата одржана на 29.09.2020 година расправал по извештајот на Комисијата со кој се предлага запирање на постапката против оштетената. Но, при гласањето не било постигнато потребното двотретинско мнозинство за одлуката да помине, па согласно член 60-д од Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет било оценето дека е потребна доработка на предметот и списите биле вратени на Комисијата. Изборот на нов член на предметната комисија бил извршен со ждрепка, согласно член 56 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет. Од записниците се констатира дека една од пријавените членови на Судскиот совет воопшто не се јавила за збор при расправата за извештајот, додека другата пријавена се јавила за збор и дала образложено мислење за кое не може да биде повикана на одговорност, имајќи ги предвид правата и обврските на членовите на Судскиот совет пропишани со закон. Комисијата за утврдување одговорност на судија одржала ново советување и гласање на 18.01.2021 година, но до Советот се уште не доставила извештај со предлог-одлука“, објаснуваат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Пријавена корупција во штипска апелација, Судскиот совет ќе утврдува одговорност на судиите откако ќе прими барања од оштетените

Ана Ололовска

Судиите не се чувствуваат доволно поврзани со работата на Судскиот совет, кој треба да покаже целосна транспарентност

А1он

Врховниот суд ги одби жалбите на обвинетиот Драги Рашковски

А1он

Црвенковска: Намалувањето на бројноста на судиите штетно ќе се одрази врз функционалноста на судскиот систем

А1он

Судскиот совет констатира престанок на судиската функција на Владимир Туфегџиќ

А1он

Владимир Туфегџиќ побарал од декември да не биде судија: Се губи смислата за понатаму, ако нема напредување во кариерата

Кристијан Ландов