Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

Од:

Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против 32-годишниот скопјанец Џ.З., поради сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор од осум дена, информираат вечерва од Министерството за внатрешни работи.

На 17 ноември во 12:30 часот во СВР – Скопје, 44-годишната Х.Д. пријавила дека околу 11:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на сила ѝ одзело паричник и мобилен телефон.

– Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР – Скопје презедоа мерки и активности и го расчистија случајот. Џ.З. е лишен од слобода и поднесена е соодветна кривична пријава, истакнуваат од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари