Осум судии се изземале да го оценуваат обвинението за организаторите на упадот од 27 април

Од:

Совет од судии за оценка на обвинителениот акт за организаторите на настаните од 27 април во Собранието, на 4 ноември закажа седница за оценка на која веќе се повикани странките во постапката, соопшти попладнево судот.

“Беа закажани неколку седници за оценка на кои одбраната, иако претходно го знаеше составот на советот и закажаните термини за седница, непосредно пред седниците бараше изземање на судиите бидејќи истите судии претходно постапувале во оценка на други обвинителни акти поврзани со конкрентиот кривично – правен настан. За овие барања се утврди дека се основани и истите беа уважени. Со оглед да со овие барања беа изземени 8 од деветте судии во Одделението за организиран криминал и корупција, а со цел да се спречат сите понатамошни одолговлекувања на постапката, предизвикани од странките во постапката, актот согласно АКМИС системот беше распределен на оценка кај
совет од судии од одделот Кривично – полнолетни и за истото беше известен Судскиот совет на РСМ”, соопшти судот.

Во предметот обвинети се Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Владимир Атанасовски како организатори на настаните. Груевски не е обвинет во овој предмет бидејќи е недостапен за Обвинителството по бегството во Унгарија.

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија