Осудени за „27 април“ побарале помилување од претседателот Иванов

Од:

До кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов се доставени неколку барања за помилување на осудени лица за случајот „27 април“.

Од кабинетот на претседателот за МИА велат дека последното од повеќето барања за помилување пристигнало во петокот во попладневните часови.

За насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица.

Највисока казна од 18 години доби поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков.

Мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов истекува на 12 мај годинава. Неговиот наследник треба да се добие по претседателските избори што ќе се одржат на 21 април и 5 мај.

Би можело да ве интересира

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

Вучиќ помилува 13 лица, меѓу нив има студенти, декан и доцент на факултет

Горан Наумовски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април