Оставки на Чичаковски, Дума и Милев од ДИК

Од:

Членовите на СДСМ во ДИК, Игор Милев и Виолета Дума поднеле оставки по притисокот на јавноста откако се дозна дека си поделиле бонуси од по четири плати. Неофицијално ги вратиле парите во буџетот. Оставка поднесе и претседателот на ДИК, Александар Чичаковски кој парите веќе ги донираше во Полио Плус минатата недела.

За останатие нема информации што направиле со четирите бонус плати во висина од околу 4000 евра, иако најавија дека ќе ги донираат по сопствена желба.

Американскиот амбасадор Џес Бејли и откри на јавноста дека сите членови на ДИК си поделиле по четири плати, пракса која се спроведуваше за секои избори. За него беше поразително што од ДИК тоа го направиле на нетранспарентен начин и одлуката не ја објавиле на својата страна.

Од ДИК се правдаа дека тоа е грешка на службите, и отпосле ја објавија одлуката од која се гледа дека сите вработени и ангажирани земале по две, три или четири бонус плати.

Би можело да ве интересира

ДИК: Од преброени 89,98 отсто од избирачките места, Силјановска Давкова има 324. 177 гласа, Пендаровски 161. 393

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места

Сиљановска со двојно повеќе гласови од Пендаровски во 1.650 обработени избирачки места

Александар Тодески

(ВИДЕО) ДИК: Одѕивот до 18.30 часот е 48,46 проценти

Орце Костов

ДИК: Одѕивот до 18 часот е 47,61 отсто

(ВИДЕО) Одѕивот на изборите до 17 часот е 44,18 отсто

Горан Наумовски