Оставката на Заев стигна во Собрание

Од:

Премиерот Зоран Заев потпиша неотповикливата оставка по што од Собранието информираа дека претседателот Талат Џафери ја примил и во текот на денот ќе закаже седница.

Согласно договорот од Пржино, во Законодавниот дом ќе треба да се изберат технички министри кои ќе работат на спроведување на изборите. Договорот предвидува премиерот да се повлече од функцијата 100 дена пред изборите од датумот на одржување, а тоа значи дека изборите треба да се одржат на 12 април 2020.

Предлогот на СДСМ за технички премиер, Оливер Спасовски, од претседателот Стево Пендаровски треба да добие мандат за вршење на функцијата, по што новиот состав ќе се гласа во Собранието. Во преодната влада ќе бидат и Мила Царовска, која ќе биде вицепремиер за економски прашања, Славјанка Петровска ќе биде заменик-министер во МВР, а Санела Шкријељ во Министерството за труд и социјална политика.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го земе Министерството за внатрешни работи, каде, пак, технички министер ќе биде Наќе Чулев. Техничка министерка за труд и социјална политика ќе биде Рашела Мизрахи, а, пак, Гордана Димитриеска-Кочоска е кандидат за заменик-министер за финансии.

Министерството за земјоделство ќе го раководи Цветан Трипуновски, а министерка за информатичко општество и администрација ќе биде Невенка Стаменковска-Стојковски.

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Незрел маневер, реагира Владата на ултиматумот од Филипче

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Катерина Ѓуровски

Законските измени за укинување на техничката влада пред собраниската Комисија за политички систем

(ВИДЕО) Филипче: Власта шверцерски сака да ја укине техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски