Оставката на Димитровска не е морален чин туку резултат на јавен притисок – целиот состав на ДКСК треба да си замине, реагира Левица

Од:

Денешната оставка на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, не претставува чин на морална одговорност, туку е директна последица од засилениот јавен, медиумски и политички притисок, особено откако Левица поднесе иницијатива за нејзино разрешување во Собранието, велат од Левица.

– Димитровска, која претходно експлицитно одбиваше да си поднесе оставка, очигледно заминува во обид да се избегне отворена политичка конфронтација и срамно гласање по иницијативата на Левица. Дека оваа оставка е договорена, а не доброволна, јасно говори молкот на ДПМНЕ и владата предводена од Мицкоски, како и на СДС, кои во ниту еден момент не побараа одговорност и не упатија никаква критика за работата на ДКСК, дури ни откако против Димитровска се покренаа две обвиненија.

Угледот и кредибилитетот на ДКСК се целосно компромитирани. Дополнително, загрижува фактот што составот на Комисијата не се дистанцираше од Димитровска, ниту побара оставка, со што и самите станаа дел од проблемот. Оваа институција, наместо чувар на јавниот интерес, стана парализирана алатка на владејачките партии, неспособна и незаинтересирана да се справи со корупцијата.

Левица бара колективна оставка на целиот состав на ДКСК. Овој состав низ целиот свој мандат не отвори ниту еден сериозен случај против функционери на власта, и покрај секојдневните коруптивни скандали, туку активно учествуваше во релативизирањето на криминалот и негова заштита.

Најилустративен е примерот со:

– Поставувањето на Бојан Христовски на чело на АНБ, каде ДКСК не утврди никакви неправилности и

– Одлуката да се препушти на претседателката Сиљановска-Давкова да одлучува по претставката против директорката на Агенцијата за разузнавање – кадар што таа лично го именуваше, што е институционално апсурдно и целосно недозволиво, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира