Осомничените министри за земјоделство го оштетиле буџетот од над 1,4 милиони евра

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување при јавни набавки.

„Лицата се осомничени дека во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп. Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра)“, соопштија од Обвинитеслтвото за гонење организиран криминал и корупција.

Надлежниот јавен обвинител до кривичниот суд достави предлог мерка притвор за четворицата осомничени. Во акција на одделот за организиран криминал на МВР уапсени се поранешните министри Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, како и ексзаменик-министерот за земјодеслтво, Кристијан Делев. Четвртоосомничен во истрагата е актуелниот пратеник Љупчо Димовски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски