Осомничениот за убиството во казиното кај Млечен е во бегство

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот 44-годишник, на 31 март, во казино на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје со умисла лишил од живот едно лице. Осомничениот, жртвата и уште две лица заедно дошле во казиното и играле на покер апаратите. Помеѓу осомничениот и оштетениот дошло до вербална расправија и започнале да се туркаат, по што осомничениот успеал да го земе пиштолот што оштетениот го носел во појасот и пукал неколку пати во него. Потоа повеќе пати со рачката од пиштолот го удрил оштетениот во пределот на главата и избегал, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

-Бидејќи тој во моментот е недостапен на органите на прогонот, доколку биде прифатен предлогот на обвинителот, мерката ќе започне да се извршува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода., се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски