Основното јавно обвинителство Скопје започна постапка против единаесет лица – учесници во протестите

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје прими две кривични пријави од МВР, поднесени против вкупно единаесет лица.

По првата кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против девет лица, за кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.

Осомничените делото го сториле во текот на протестите пред Владата на Република Македонија.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе Предлог за определување мерка Притвор против осуммина од осомничените, поради постоење на околности кои укажуваат на опасност од бегство и поради постоење на особени околности што го оправдуваат стравувањето дека осомничените ќе го повторат делото, а со оглед дека се работи за кривично дело против јавниот ред.

Судијата на предходна постапка од надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје го прифати предлогот, па на седум осомничени им определи притвор во траење од осум дена. На еден осомничен му е определен куќен притвор.

Втората кривична пријава е против двајца осомничени за сторено кривично дело – Насилство. Надлежен обвинител започна постапка против двете лица за стореното дело и сметајќи дека се исполнети законските основи предложи мерка притвор. Судот на двете лица им определи притвор во траење од осум дена. Едно од осомничените лица за кривичното дело Насилство во моментов е недостапно на органите на прогонот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нешковски: Убијци, убијци – Мора сите да одговараат

Емир Латифовиќ

Семејството на Нешковски бара Груевски, Мијалков, Јанкуловска и Урко да одговараат за прикривање на информации

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Вуиќ: Вујкото на Мартин Нешковски ја призна вината за студентите да излезат од притвор

Емир Латифовиќ

Во 18 мирен и достоинствен протест пред Влада

Емир Латифовиќ

Протести во 9 градови во Македонија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Груевски сакал да ја прими мајката на Нешковски, а неа и се нафрли и ја влечеше полицијата

А1он