Основното јавно обвинителство – Скопје започна истражна постапка против вешто лице

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно вешто лице со Лиценца за вршење на вештачења од областа на финансиското работење. На лицето му се става на товар дека сторило кривично дело – Примање поткуп од чл. 357 од Кривичниот законик.

Вештото лице побарало и примило поткуп во износ од 3000 евра со цел при вештачење да прикаже десеткратно помал износ на прикриен данок.

До судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 -Скопје надлежниот јавен обвинител поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор. Судијата со Решение на лицето му определи мерки на претпазливост и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

На ваквата одлука Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе жалба.​​

Би можело да ве интересира

Нови докази од истрагата за „ботоксот“: Обвинителството покрена истрага против две лица

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он