• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Основен кривичен суд: Предупредувањата на судот за евентаулани обиди за одолговлекување на предметот „ТНТ“ денеска излегоа на виделина

by А1он13/01/2020 - 12:31644
Share0

Предупредувањата на Кривичниот суд за евентаулани притисоци и закани како и обиди за одолговлекување на постапката во предметот „ТНТ“, а за кои Судот побара да бидат преиспитани од надлежните институции, денеска излегоа на виделина, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Добивај вести на вибер

Судот, соопштението, го објави веднаш по одложувањето на денешното рочиште за „Т.Н.Т.“ откако еден од членовите на судечкиот совет си дал неотповиклива оставка, а случајот се врати од почеток.

– Судијата – поротник кој изминативе денови беше постојано прозиван, па дури му беше и посочено дека ако се појави во судот прави кривично дело, денеска до судот достави неотповиклива оставка во која наведува дека заради истек на мандат, навршени години и нарушено здравје поднесува оставка. Судот во секој случај ќе ја почитува волјата на судијата – поротник и за истата ќе го извести Судскиот совет, се вели во соопштението од Судот.

Судот, наведува дека согласно неговите Законски надлежности и овластувања, ќе продолжи со постапување по предметот и заради тоа обезбеден е нов поротник како и резервен поротник, а се со цел заштита на правата на обвинетите и оштетените во постапката, почитување на начелото за судење во разумен рок и јавниот интерес за предметот.

– Во тој правец судечкиот совет на одбраната и понуди, доколку не сакаат непотребно да ја одолговлечат постапката, да прифати судењето да почне формално од почеток со читање на доказите заради запознавање на новиот поротник, а без нивно повторно изведување за што веќе има воспоставена пракса со нивните колеги адвокати во предметот на јавноста познат како „Еразмус“, стои во соопштението.

Во интерес на утврдување на фактичката состојба како и правдата и правната држава, Кривичниот суд, се вели во соопштението, продолжува да постапува по сите предмети, се во интерес на странките во постапките, а останува на надлежните институции да се прозинесат околу сите барања и предлози на судот како да се надминат недостатоците во Законите со кои се регулира
статусот на судиите – поротници кои ја претставуаат граѓанската одговорност во судските одлуки.

krivicenkrivicen sudtnt

Би можело да ве интересира

Кривичен суд: Куќен притвор и одземена патната исправа за апелацискиот судија Ѓоко Ристов

А1он20/01/2026 - 21:37

Љупчо Пецов – Ѓаволот од бегство во домашен притвор, сам се пријавил и донел документи дека е болен

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 11:49

За прегазувањето на Југослав Николовски, 25 годишниот моторџија се бранеше со психијатриско вештачење на вонбрачната партнерка

Горан Наумовски21/11/2025 - 16:4921/11/2025 - 18:32

Случај „Онкологија 2“: Обвинителството тврди за финансиски малверзации и незаконско постапување со терапијата, за одбраната обвинителниот акт е нејасен и незаконит

Предраг Петровиќ06/11/2025 - 15:09

Димовска: Целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Горан Наумовски31/10/2025 - 14:54

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Горан Наумовски31/10/2025 - 12:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен