Учениците од основните училишта во Карпош, Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром, Чаир и Бутел годинава собраа над 32 тона амбалажа од пластика или над 1.200.000 пластични шишиња, во рамки на проектот „Рециклирање?! – КАЖИ ДА!“.
Со собрани 200.000 пластични шишиња овогодишни победници се учениците од О.У. „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, а други наградени училишта се О.У. „Аврам Писевски“, О.У. „Кузман Шапкарев“, О.У. „Крум Тошев“, О.У. „Димитар Поп-Ѓеорѓиев Беровски, О.У. „Јохан Хајнрих Песталоци“, О.У. „Климент Охридски“ и О.У. „Тефејуз“.
Проектот се одржува петта година по иницијатива на Пакомак – Друштво за управување со пакување и отпад од пакување и Шпаркасе Банка.