Бардароски: Поголема соработка за исполнување на националните цели за рециклирање на амбалажен отпад

Од:

Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија бара соработка со јавните комунални претпријатија и со општините за да може да се остварат националните цели до 2020 година на ниво на држава и да се соберат и рециклираат 60 проценти од отпадот од амбалажа.

Ико Бардароски од Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори денеска на прес-конференција посочи дека потребни се значајни инвестиции во инфраструктурата и во контејнери, како и инвестиции од страна на јавните комунални претпријатија доколку сакаме да ги оствариме зацртаните национални цели.

– За исполнување на овие национални цели, коишто се сериозно високи, потребна е инвестиција во инфраструктурата, во контејнери и во подигнување на јавната свест и едукација за отпадот од пакување. Како колективни постапувачи во изминативе пет години имаме инвестирано во над 5.000 контејнери на ниво на држава и повеќе од 3.000 помали садови, рече Бардароски.

Тој посочи дека со моменталната ситуација и поставеноста на јавните комунални претпријатија и општините не може да се реализираат поставените национални цели.

Европските земји како Германија или Белгија инвестираат по околу 10 евра по глава на жител на годишно ниво за решавање на овие еколошки проблеми, додека во земјите од регионот како Бугарија или Србија се инвестираат околу 2 евра по глава на жител, а во Македонија овие трошоци изнесуваат околу 0,5 евра по глава на жител.

– Далеку сме од регионот во однос на инвестирањето во средства и во однос на можностите за исполнувањето на националните цели имајќи ја предвид моменталната ситуација, рече Бардароски.

Од страна на колективните собирачи минатата година се собрани и однесени за рециклирање 25 илјади тони отпад од пакување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Од идната година во функција машината за конвертирање пластична амбалажа и лименки

Ана Ололовска

Новите хартиени сламки на Мекдоналдс не можат да се рециклираат

Се зголемува свеста за селектирање отпад, младите помалку го прават тоа

Ана Ололовска

Мурал од лименки првпат во Белград

Наум Локоски

Пакомак: Селектирањето на стаклениот амабалажен отпад е во пораст

Наум Локоски

Изработена мапа со маркирани локации каде може да се селектира стакло, хартија или пластика

Наум Локоски