Основачи на ВМРО-ДПМНЕ: Љубчо и Бранко се коалиција за власт и пари

Од:

Борис Змјековски, Владо Таранталовски, Мане Јаковлевски, Васил Наумов и Дијана Таранталовска , како што се потпишани, „основачите на ВМРО-ДПМНЕ“, реагираат на средбата и можната коалиција Црвенковски-Георгиевски.

Иако во дописот стои дека лицата, основачи своерачно се потпишале нејасно е за кој Васил Наумов станува збор. Дали е грешка или се работи за екс министрот Ѓорѓи Наумов?

Во дописот, погрешно е напишано и презимето на Змејковски, наместо на еден од основачите стои презимето Змјековски.

„Здружувањето на Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски е настан кој овозможува прочистување, разјаснување на многу недоумици кој нашиот народ и ние како основачи ги имавме низ годините. Двајца луѓе се пријатели затоа што си одговараат во карактерите, така е и со Љубчо и Бранко. Овие пријатели, едниот со товарот на транзицијата, приватизацијата, шверцот и криминалот, а другиот со погрешна перцепција за историјата и постоење на сопствениот народ и држава, со нивнатa љубов за власта и парите, се едно исто-пријатели во коалиција за власт и пари“, стои во реакцијата.

Со нивното здружување, стои во реакцијата, секој вмровец треба да се замисли зошто Љубчо ја рушеше владата на Никола Кљусев?

Прашуваат: зошто Љубчо Георгиевски не формираше коалиција со албанска партија и со тоа не се формираше стабилна влада ,зошто во 1994 година Љубчо бојкотираше и не влезе во парламентот и ги остави СДСМ да ја реализираат мрачната приватизација, шверцот и разграбувањето на Македонија?

За основачите е нејасно и прашуваат зошто 15 години ВМРО-ДПМНЕ беше марионета со која СДСМ мошне лесно се справуваше, зошто Георгиевски прифати да биде потпретседател на Претседателот Глигоров, зошто дозволи, како што велат, патриотизмот да се изгнаси со криминалот на Бранко?

Основачите ги повикуваат сите луѓе на кои им значат светите букви ВМРО и просперитетот на Македонија да се обединат околу идејата за спротивставување на политичарите на кои важен им е единствено личниот интерес. Според нив следните избори ќе бидат референдум За или Против Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски, За или Против на нивните нечесни, мрачни и подземни игри, сплетки и удари кои што ги нанесоа на Македонија и на граѓаните на Македонија.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

Орце Костов

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

Орце Костов

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

Орце Костов

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

Орце Костов

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска