Осмомартовски базар во Куманово

Од:

Во организација на ЈП „Пазаришта“ Куманово на Градскиот плоштад се одржува Осмомартовскиот базар, на кој на заинтересираните закупци им се понудени бараки на кои ќе ги изложат соодветни производи во пресрет на Денот на жената 8-ми Март, соопштија денеска надлежните од претпријатието.

– Закупците плаќаат 150 денари паушал за закуп на дневна основа, а по претходно донесена одлука на Советот на општината, тие се ослободени од плаќање комунална таска во вредност од 60 денари, изјави Душица Сеизовска Јовановиќ, правен советник во ЈП „Пазаришта“.

Осмомартовскиот базар ќе функционира за време и неколку дена по завршувањето на празникот на жената, а кумановци ќе имаат можност да се снабдат со цвеќе и друг вид пригодни подароци за денот на жената.

Од јавното претпријатие „Пазаришта“ сметаат дека поради соодветните цени за паушал и ослободувањето од комуналната такса, закупците ќе понудат производи по прифатлива цена за граѓаните по повод Меѓународниот ден на жената. Дел од униформираните бараки кои се понудени за закуп се и оние кои на општина Куманово и ги отстапи Здружението на угостители „Бисер“ од Куманово.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе