Осми состанок на заинтересираните страни за прекуграничниот регион на Преспа

Од:

Заинтересирани страни од прекуграничниот регион на Преспа треба да придонесат за одржлив економски развој на регионот, сметаат претставниците од Македонија и Албанија кои денеска одржаа средба во Ресен во рамки на втората фаза од проектот Меѓународна соработка за развој на регионот Преспа.

Проектот има за цел да ја продолжи соработката меѓу сите релевантни чинители кои може да придонесат за побрз развој во регионот Преспа преку пристап базиран на развој на територијата.

Овој иновативен и ексклузивен методолошки пристап овозможува одржлив развој на преку 70 рурални прекугранични подрачја во Западен Балкан кои се карактеризираат со специфични развојни програми. Ова е четврти пилот проект во регионите на Западен Балкан. Покрај Преспа во ова се вклучени и Шара, Дрина, Сава и Дрината, регони кои барем во овој момент се доста понапред во имплементирањето на овој проект.

Овој прект кој е финансиран од ЕУ и во кој учествуваат Албанија, Грција и Македонија, започна 2012 година, а конкретно треба да се реализира во 2016.

Би можело да ве интересира

Беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“, тешко оди неговото локализирање

„MEET Преспа”– фестивал што ги обединува културите во регионот утре во Пустец

А1он

Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под контрола

А1он

Легендарниот германски актер и режисер Брајан Мајклс добитник на наградата за животно дело Актер на Европа 2025 на Интернационалниот театарски фестивал во Преспа

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

A1on