Османи: Зголемената билатерална поддршка од Норвешка претставува значаен импулс за напредок во европските интеграции

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството на Норвешка во Република Северна Македонија со седиште во Белград, Јорн Јелштад.

Вицепремиерот Османи на почетокот на состанокот му честиташе на амбасадорот Јелштад за мандатот какао амбасадор и му посака успешна реализација на поставените цели, истакнувајќи дека Кралството Норвешка отсекогаш претставувала земја пријател и важен подржуваш на Република Северна Македонија, во остварувањето на нашите приоритети и стратешки реформски цели поврзани со интеграцијата на земјата во ЕУ.

„Кралството на Норвешка го препозна клучниот момент кога на нашата земја и беше потребна силна поддршка во евро-интегративниот процес и затоа одлучи да ја зголеми поддршката за нашата земја“, истакна Османи подвлекувајќи дека преку неповратните средства од околу 3 – 5 милиони евра на годишно ниво кои што К. Норвешка ги распределува за Република Северна Македонија, во голема мера се покриваат потребите кои произлегуваат од ЕУ агендата, како што се подготовките за втората фаза на Договорот за стабилизација и асоцијација, надградување на платформата со софтверско решение за усогласеноста на нашето законодавство со законодавството на ЕУ и тн.

Амбасадорот Јелштад истакна дека Република Северна Македонија покажа одлична подготвеност и политичка зрелост со превземените чекори и досегашните реформи реализирани во насока на пристапување кон ЕУ и НАТО, и дека очекува во најкраток рок протоколот за НАТО да биде ратификуван од страна на Шпанија со што ќе се заокружи цел процес за полноправно членство на Р. Северна Македонија во НАТО.

Османи меѓу другото потенцираше дека освен полноправното членство во НАТО исто така од суштинско значење за нашата земја е и отворањето на процесот на преговори со ЕУ. Земјата очекува позитивен исход од претстојните Самити на ЕК во март, мај и април, при што секоја поддршка во оваа насока од страна на Кралството Норвешка ќе биде добредојдено – истакна Османи.

Двајцата соговорници заеднички заклучија дека двете земји имаат одлична билатерална соработка во различни области и со зајакнато темпо ќе продолжат и понатаму да ги продлабочуваат добрите односи преку проекти од взаемен интерес во различни области.

Би можело да ве интересира

Усвоен европскиот мандат за преговори со Обединетото Кралство

Ана Ололовска

Влада: Да се одложат патувањата и екскурзиите во Италија и во други земји каде има коронавирус

Ана Ололовска

Средба Спасовски-Дефа: Земјата напредува, фокус кон имплементацијата на реформите, за ефикасни и квалитетни резултати

Ана Ололовска

Ауреску: Новата методологија да не биде оправдување за ново одлагање

Ана Ололовска

Метелко-Згомбиќ: Се надеваме дека се создадени условите за отворање преговори

Ана Ололовска

ЕУ ќе го усвои мандатот за преговори со Обединетото Кралство

Ана Ололовска