Османи: Западниот Балкан има високи очекувања од Европската унија

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари прва официјална работна средба со новоназначената Амбасадорка на Португалија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Марија Виржиња Мендес да Силва Пина.

Упатувајќи честитки до новата амбасадорка, Османи изрази надеж дека дипломатското искуство но и личниот ангажман ќе даде значаен придонес во продлабочувањето на односите помеѓу двете земји.

Централна тема на средбата беа предизвиците поврзано со европските интеграции на Република Северна Македонија, а во пресрет на Самитот на ЕУ во март, во насока на потенцијалите за почеток на преговорите со ЕУ пред мајскиот самит посветен на Западниот Балкан.

„Ние сме подготвени за почеток на преговорите, се надевам дека и Европската Унија ќе ги создаде неопходните услови за продолжувањето на процесот на проширување со земјите од Западниот Балкан “, истакна Османи, посочувајќи на позитивните сигнали кои доаѓаат од Европската Комисија и од земјите – членки поврзани со новата методологија за проширување.

Османи се заблагодари за досегашната поддршка од страна на Португалија кои беа јасно изразени преку ратификацијата на Протоколот за НАТО, но и поддршката од земјата на претходните Самити.

На крајот од средбата, соговорниците изразија задоволство од меѓусебните пријателски односи и изразија подготвеност за зајакнување на меѓусебната соработка во сите сфери од заеднички интерес.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски