Османи: За изборите нека одлучат другите, ДУИ е во најкомотна позиција

Од:

Се уште сме во фаза на одредување дали изборите ќе бидат заедно или одвоени и кога и од тоа ќе зависи како ќе пристапиме во однос на изборите, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на прашање дали неговата партија ДУИ на изборите ќе има свој кандидат или заеднички со коалициските партнери.

-Ставот наш останува, оставаме на другите да одлучуваат. Ние ќе поддржиме секое решение – дали одвоени или заеднички избори. Ги кажавме аргументите зошто би било подобро да се заедно, но нека решат останатите затоа што, можеби е нескромно, но ДУИ е во најкомотна позиција сега поради тоа што во овој мандат испорача најмногу од тоа што е ветено во предизборието и сите внатрешни анкети покажуваат дека ДУИ е недвосмислен победник на наредните избори, изјави Османи, одговарајќи на новинарски прашања по промовирањето пригодна поштенска марка по повод претстојниот Министерски совет на ОБСЕ во Скопје.

На прашањето дали во периодот на техничка Влада се гледа како премиер и дали во неговата партија е разговарано за конкретни имиња како кандидати за претседател на Владата, Османи одговори дека „во ДУИ се расчистува дебатата“ околу тоа кој ќе биде нивниот предложен кандидат.

-Нема се уште одлука, има повеќе разговори и анализи, но треба да се состанат партиските тела за формално да предложиме кандидат и нема да коментирам се додека тој разговор не биде на партиските тела, одговори Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Секогаш кога иднината изгледаше неизвесна, граѓаните избираа достоинство, демократија и европска иднина

ДУИ: Единствениот Албанец од вкупно 12 во Комисијата за наградата „8 Септември“ се предлага самиот себеси за добитник

Влен: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги „изгоре“ во Изборна единица 1

ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

А1он

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

Османи: Нема да има небезбедни и темни улици, Чаир конечно ќе блесне