Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска во улога на Главен координатор на општинските кризни штабови оствари посета на Центарот за јавно здравје во Скопје, каде се сретна со Директорот Арбен Зибери.
За време на средбата Вицепремиерот Османи и Директорот Зибери разговараа за состојбата во борбата против КОВИД 19, како и за предизвиците кои произлегуваат од секојдневната борба со истата.
Најнапред Вицепремиерот Османи изрази благодарност до Директорот Зибери, но и до целиот тим на Центарот за целокупниот нивен ангажман и посветеност во борбата против КОВИД 19, при што констатираше дека Центарот беше еден од клучните столбови во борбата против пандемијата.
„Време е со паметна комбинација на меки мерки да ги замениме полицискиот час и затварањето на бизнисите” – истакна Османи при што и во оваа прилика уште еднаш посочи на задолжителното носење на маски и физичкото дистанцирање како меки мерки кои би го замениле полицискиот час.