Османи во посета на Кралството Шпанија

Од:

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија.

Во рамки на посетата, тој ќе се сретне со министерот за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Кралството Шпанија, Луис Марко Агуириано Налда, кој ја претставува земјата во Европската Унија.

На средбата, како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, ќе бидат отворени теми за билатералните односи меѓу двете земји, особено во насока на поддршката од страна на Кралството Шпанија за европските интеграции на Република Северна Македонија, во пресрет на претстојните јунски самити на Европската Унија.

 

Би можело да ве интересира

Идентификувани 56 од 69 жртви во железничката несреќа во Шпанија, за преостанатите 13 е потребна меѓународна соработка

ВИДЕО: Објавена снимка од разговор пред трагедијата, нереди во Мадрид

Шпанскиот контролен центар имаше 17 минути да го спречи судирот – никој не реагираше

А1он

Железничка несреќа во Шпанија: Најмалку 64 загинати, околу 80 се повредени

(ВИДЕО) Откриена e причината за трагедијата во Шпанија

(ВИДЕО) Медиуми: Најмалку 50 загинати во железничката несреќа во Шпанија

Горан Наумовски