Османи во Брисел се сретна со американскиот државен секретар Блинкен

Од:

Во рамките на Советот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Тема на разговори беше стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД која претставува основа за долгорочно пријателство меѓу двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи.

На маргините на состанокот, министерот Османи оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар. На средбата биле отворени повеќе актуелни теми, за билатералниот развој на односите, европските перспектива на земјата особено со фокус на претстојното претседателство на Словенија со ЕУ, во втората половина на годинава.

-Нашата цел е јасна, полноправно членство во ЕУ и сите наши напори се во таа насока, да работиме на европски начин за да ги достигнеме европските вредности. Очекуваме валоризација на постигнатото од нашите партнери, посочи Османи на средбата со Логар.

На денешните две сесии од состанокот, министрите се осврнаа на прашања од стратешки приоритет на Алијансата, како што се регионалната стабилност, хибридни и сајбер предизвици, контрола на оружјето, разоружувањето и непролиферацијата. Беше разгледана стабилноста во соседството на НАТО и борбата против тероризмот, состојбите во Авганистан и Ирак.

На посебна сесија, министрите дадоа свои сугестии и видувања во однос на развојот на документот „НАТО 2030“, кој ќе биде предмет на усвојување на претстојниот состанокот на шефовите на држави и влади на Северно-атлантскиот Совет.

Во своите излагања, министерот Османи ја истакна посветеноста на Република Северна Македонија, како нов сојузник во рамките на Алијансата, во зајакнување на регионалната безбедност, како и активна партиципација во рамките на одржувањето на глобална безбедност. Османи го потенцираше и придонесот на земјава во однос на приоритетите на Алијансата во справувањето со безбедносните закани и предизвици. Во тој контекст, министерот Османи го истакнал значењето што Алијансата го придава на борбата против тероризмот и преземените натамошни активности за справување со оваа закана. Изрази поддршка на стратешките предлози во врска со натамошниот концептуален развој на иднината на Алијансата содржани во НАТО 2030.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

НАТО: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина и да ја зајакнуваме одбраната, Русија е најголемата закана