Османи во Брисел на средби со Могерини и Хан

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска патува за Брисел, каде што ќе има работни средби со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, како и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Османи ќе одржи и брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан/проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), а ќе учествува и на брифинг во влијателниот тинк тенк Центар за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: „Хоум ран“ во преговорите за пристапување?“.

На маргините од посетата Османи ќе учествува и на Конференцијата на тема „Безбедност во ЈИЕ – безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата Ханс Сејдел.

Од Брисел, вицепремиерот Османи патува директно за Виена каде ќе учествува на состанок на министри задолжени за европски прашања од земјите од Западен Балкан, кое се одржува под покровителство на сојузниот министер за европски прашања на Австрија при канцеларијата на сојузниот Канцелар, Гернот Блумел.

Би можело да ве интересира

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија