Османи: Во СЕП е концетрирана најсилната експертиза за успешен стар на преговорите во 2019

Од:

Денеска во хотел „Изгрев” во Струга, започна годишната конференција на Секретаријатот за европски прашања, на која, под работен наслов „Исчекор 2019“, вработените во СЕП, предводени од Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во следните три дена, ќе ги сумираат резултатите од процесот на европски интеграции во 2018 година, како и обврските, перспективите но и предизвиците кои ја очекуваат земјава во наредната 2019 година.

„Без лажна скромност, улогата на Секретаријатот за европски прашања изминатава 2018 година беше исклучително успешна, на што сум особено горд, а што е потврдено и од бројните соработници, меѓународни пријатели, но како повреда се покажува и во сите истражувања на јавното мислење“, истакна Османи во своето воведно обраќање. Во иста насока Османи ја посочи претстојната 2019 година како година кога СЕП ќе преземе уште поголем товар во предводењето на општествените процеси во земјава, имајќи ги предвид преговорите кои се очекува да добијат финализација во на јунските самити.
„Верувам во стручноста и капацитетите на СЕП да го предводат овој процес, и верувам дека во 2019 гоидна ќе ја оправдаме довербата која ни ја укажува државата, Владата, меѓународната заедница, но и севкупно, јавноста“ изјави Османи пред присутните, најавувајќи зголемување на капацитети и на СЕП, како водечка институција во преговорите, но и воопшто на целата преговарачка структура која како главен преговарач ја предводи.

На стартот на конференцијата свое воведно обраќање имаше и заменикон на Османи во преговарачкиот тим и главен технички преговарач Бојан Маричиќ, кој ја претстави преговарачката структура, поставеноста на работните групи, а зборуваше и за очекувањата од СЕП, на експертско и технико ниво, како главен костур на самата преговарачка структура.

На конференцијата се обратија и Државната секретарка во Секретаријатот за евроски прашања, Калинка Габер и Државниот советник за европски политики и координација, Драган Тилев кои зборуваа за очекувањата од СЕП, за капацитетите со кои располага институцијата и начините за нивно унапредување.

Годишната конференција на Секретаријатот за европски прашања се одржува традиционално кон крајот на годината на која Секретаријатот врши целосен преглед на состојбата, напредокот, предизвиците и перспективите на европските интеграции. Од денеска во наредните три дена на голем број работилници кои се во склоп на годишната конференција ќе се направи анализа на досегашниот евроинтегративен процес, ќе се анализираат предизвиците, капацитетите, а се со цел соодветна подготовката на Секретаријатот за европски прашања за претстојниот процес на преговори.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

ЕУ ги менува правилата поради Украина и Молдавија

А1он

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

Орбан: Западот планира да ја ограби Украина под изговор дека сака да ја заштити