Османи утре оди за Анталија, на состанок со шефовите на дипломатиите од југоисточна Европа

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува во Анталија, каде ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Османи, како што информираат од МНР, во рамки на министерскиот состанок ќе има одвоена билатерална средба со министерот на Турција, Мевљут Чавушоглу, како и со министерот за надворешни работи во техничката Влада на Бугарија, Светлан Стоев.

Министрите, во рамки на овој регионален формат ќе дискутираат на тема: „Соседите од Југоисточна Европа заедно: Иднината на Европа”. Истовремено, како дел од агендата ќе биде и изнаоѓањето на нови начини за зацврстување на соработката меѓу земјите на ПСЈИЕ и регионот, справување со последиците од пандемијата предизвикана од КОВИД-19, унапредување на регионалната кохезија преку јакнење на политичката и економската соработка, како и кон демократијата, владеењето на правото, слободната пазарна економија и почитувањето на фундаменталните човекови права како основни европски вредности кои остануваат во фокусот на сите земји членки на ПСЈИЕ.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции