Османи утре ќе се сретне со Коѕијас и Катругалос

Од:

Утре во Атина ќе престојува вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи каде што е предвидено да се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и со алтернативниот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос.

– Министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, во вторник на 9 јануари ќе му приреди работен ручек на вицепремиерот на Поранешната југословенска Република Македонија, одговорен за односите со ЕУ, Бујар Османи, по повод неговата посета. Разговорите ќе се фокусираат на европски прашања од заеднички интерес. Господинот Османи, исто така, ќе се сретне со алтернативниот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос, соопштуваат од грчкото МНР.

Утрешната посета на Османи во Атина според грчките медиуми е прва точка од јануарските предвидени активности околу прашањето со името, пред посетата на генералниот секретар на НАТО на Македонија, новата рунда преговори со Нимиц и евентуалната средба на македонскиот и грчкиот премиер на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски