Османи: Сега ни е потребна сета поддршка од нашите меѓународни пријатели

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес беше домаќин на делегација на Кралството Шведска предводена од Државниот секретар на Министерот за европски прашања и трговија, Оскар Стенстром.

На средбата беа отворени темите за билатералната соработка помеѓу двете земји, евроинтегративниот процес на Македонија, како и за поддршката на Кралството Шведска за процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан.

Османи изрази благодарност за активната улога на Кралството Шведска во фасилитирањето на решението на долгата политичка и институционална криза која ја имаше зафатено земјата, како и за поддршка на евроинтегративниот процес на Република Македонија – поддршка која изминативе децении е континуирана, јасна и недвосмислена и која секогаш оди во насока на спроведување на политиката за проширување на ЕУ.

„Очекувам поддршката за Македонија од страна на Шведска да продолжи и во иднина, особено за нашите европски и евроатлантски амбиции“, додаде Османи.

За време на средбата Вицепремиерот Османи ја потврди посветеноста на Владата целосно и навремено да ги имплементира предвидените реформи од Планот 3-6-9, со цел, подготвена да ги дочека клучните датуми за европските интеграции како што се објавувањето на Стратегијата за проширување на Европската Комисија, Извештајот за напредокот на земјава од страна на Европската Комисија, како и Самитот за проширување во мај во Софија.

Османи ги запозна соговорниците со позитивниот исчекор во развојот на добрососедските односи, односно потпишувањето на Договорот со Република Бугарија, како и напредокот во изградбата на доверба меѓу Македонија и Грција и интензивирањето на контактите меѓу двете земји.

„Ни претстои клучен период, историска шанса за да направиме значаен исчекор во нашите евроатлантски интеграции и сега ни е потребна сета поддршка од нашите меѓународни пријатели“, истакна Османи.

На средбата беа отворени и темите за меѓусебната соработка, билатералната помош на Кралството Шведска за нашата земја, за која соговорниците споделија заемни уверувања и очекувања истата да продолжи и во иднина со несмалено темпо, како и за можностите за унапредување на економската размена и соработка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата