Османи се сретна со Кулеба во Берлин: Осуда за инвазијата и особено за бруталните убиства на цивили

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, на маргини на неформалниот НАТО Министерски состанок во Берлин.

Во фокусот на разговорите беа европските перспективи на двете држави, особено од аспект на импликациите на војната во Украина за безбедноста и стабилноста на европскиот континент и пошироко.

„Европа и светот се соочени со исклучителни надворешно-политички и безбедносни предизвици од геополитички аспект и наједноставниот пат за демонстрирање на стратешкото лидерство на Европската унија и нејзиниот кредибилитет е преку ефектуирање на одлуката за почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија”, заклучи Османи.

На средбата стана збор и околу актуелните состојби во Украина, при што министерот Османи и во оваа прилика најостро ја осуди воената инвазија на Русија врз Украина, особено бруталните убиства на цивили, нагласувајќи дека Северна Македонија, како членка на НАТО Алијансата и кредибилен кандидат за членство во ЕУ има преземено низа чекори и мерки како одговор на руските воени дејствија.

Би можело да ве интересира

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Адеми: Волјата на гласачите е запишана, таа ќе биде дел од идните политики на државата

Османи: Одлучувачки избори за иднината на државата

Катерина Ѓуровски

Османи: Големиот Eвропски фронт ќе биде моќен штит за растечкиот национализам и ќе стане мост кон Брисел

Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов