Османи: Се чека на формална одлука од грчката Влада за отворање на границата

Од:

Потребна е формална одлука од Владата на Грција за отворање на границата со Македонија. Прашање на време е кога ќе се состане грчката Влада за да ја донесе одлуката, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Сепак треба формална одлука на грчката Влада. Намерата да се отвори границата е пренесена од премиерот на нашиот премиер, но мора формално да има одлука на грчката Влада за да тоа се случи. Таква одлука се уште нема. Ние сме во очекување да се формализира намерата на Грција за отворање на границите и после тоа да можат да поминуваат граѓаните. Ги повикувам уште еднаш граѓаните да се информираат преку соопштенија на МНР по однос на моментот кога ќе се донесе таа одлука, вели Османи на новинарско прашање за македонските граѓани кои се заглавени на граничниот премин Евзони.

Од дежурната служба на ГП Богородица потврдија дека утрово функционираат нормално во очекување на поголемо сообраќајно раздвижување на патници и туристи, но граничниот премин Евзони на грчка страна, и покрај најавите, се уште не е отворен. Од утрово од 7 часот, за кога беше најавено отворањето на ГП Евзони, како што посочуваат, низ нашиот граничен премин кон Грција заминале петнаесетина возила кои до овој момент се уште чекаат на Евзони.

Би можело да ве интересира

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

АМСМ: Од 17 часот затворен граничниот премин Евзони

А1он

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Богородица-Евзони под блокада до вечер до 22 часот