Османи: Позитивна вест од ЕУ – постигнат е консензус за почеток на преговори

Од:

Постигнат е консензус во ЕУ за одлука за почнување преговори со Република Северна Македонија – безусловна и со барање за одржување на првата меѓувладина конференција веднаш по одобрување на преговарачакта рамка, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Одлуката, посочи Османи, очекуваме денеска да се потврди, а понатаму на 24 март да се официјалира од страна на министрите за Европа и за надворешни работи на ГАК и потоа на самитот на лидерите на ЕУ предвиден за 26 март во вид на видео-конференција.

– Ова е исклучително добра вест, не само затоа што претставува постигнување на консензус од сите 27 земји членки по сите разлики кои постоеа во последните 15 години и навистина претставува историски момент за државата. Сепак, денеска и во наредните денови треба истата и формално да се потврди, изјави Османи.

Позитивната вест од Брисел, како што информира Османи доаѓа по средбата на постојаните претставнци на земјите членки на ЕУ на која било разговарано и за проширувањето.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски