Османи: Потпишувањето на Договорот од Преспа нова ера во односите меѓу Скопје и Атина

Од:

Евроатлантските интеграции на земјата, исполнувањето на обврските кои произлегуваат од Преспанскиот договор, грчката поддршка за отпочнување на преговорите за членство на Република Северна Македонија со ЕУ, билатералната соработка меѓу двете земји, особено прекуграничната соработка која подолго време се реализира со средства од ИПА, како и можностите за регионална соработка, беа темите на кои денеска во Скопје се осврнаа вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и грчката алтернативна министерка за надворешни работи, Атанасиа Анагностопулу.

-Потпишувањето на Договорот од Преспа ја одбележа новата ера на билатерални односи помеѓу нашите земји, а периодот кој ни претстои ќе го одбележи новиот моментум во евроинтегративниот процес на Северна Македонија со очекуваната конфирмација на одлуката за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, истакна Османи, притоа посочувајќи дека напредокот во политичките односи помеѓу Грција и Северна Македонија ќе се потврди со силната грчка поддршка во претстојниот период, пред јунските самити.

Османи и Анагностопулу разговараа и за можностите за соработка меѓу администрациите на двете земји за унапредување на соработката и размената на искуства во текот на подготовките на администрацијата и останатиот дел од преговарачката структура за успешен старт на преговорите со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее

Анкара се подготвува за најлошото: Во сценаријата е и војна со Грција и Израел

Мицотакис ѝ го честиташе 68. роденден на Мадона по нејзиниот одмор во Грција

Предраг Петровиќ

Грција бележи зголемување на заразените со вирусот западнонилска треска, 13 лица починаа

Хеликоптер се урна во близина на куќи на грчки остров – загина пилотот и сите петмина патници

А1он

ВИДЕО: Две жртви во пожар на грчкиот остров Саламина, евакуирани стотици жители и туристи