Османи: Постојаното одложување на почетокот на преговорите е неодржливо

Од:

Состојбата на постојано одложување на почетокот на преговорите е неодржлива, неодржлива е за регионот, неодржлива е за кредибилитетот на процесот на проширување и не одржлива е за ЕУ, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Сметам дека, имајќи ги предвид сите аргументи оти Република Северна Македонија ги испорача сите критериуми, дури и ги надмина критериумите за почеток на преговорите, треба да ги почненм преговоите во услови кога 35 проценти од европското законодавство е дел од нашето законодвство, истакна Османи на прес-конференција по тематскиот работен состанок со шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претсавништва акредитирани во земјите членки на ЕУ и постојаните претставништва во Унијата и НАТО.

Тој нагласи дека земјава влегува во старт на преговорите со една третина усогласеност со европското законодавство и со исполнети политички и економски критериуми, кои ги надминуваат условите за почеток на преговорите.

– Се направија сите потебни реформски решенија и се затворија сите политички прашања кои стоеја како пречка на патот. Мислам дека овие аргументи и разговорите со бугарската Влада ќе достават доволно предуслови преговорите да почнат веднаш, а Договорот за добрососдство секако е дел од обврските на државата, додаде Османи.

Би можело да ве интересира

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности